![Ѓорѓи Илиевски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/Gjorgji-Ilievski-1.jpg?resize=640%2C414&ssl=1)
Институт за тутун – Прилеп е eдиница на Универзитетот „Свети Климент Охридски” – Битола и е една од најстарите научни институции на Балканот. Раководството на овој институт е сочинет од проф. д-р Валентина Пеливановска, која се наоѓа на позицијата директор од 2021 година. Заменик на научниот институт е проф. д-р Марија Србиноска и таа функција ја извршува од 2021 година.
Првиот Извештај за работата на Директорот на научниот институт за 2021 година е изготвен од директорката проф. д-р Валентина Пеливановска е со датум од декември 2021 година. Извештајот според содржината има 144 страници, а на веб страницата на Институтот објавени се само 15 страници!? Последната, точка 9 од Извештајот, се однесува на финансиско работење, инвестиции и развој. Во оваа точка на почетокот се наведува дека целокупното финансиско работење се засновува врз Програмата за работа на Институтот за 2021 година и Финансискиот план! Меѓутоа, на веб страницата не може да се пронајдат овие документи за да може јавноста да направи компарација дека навистина финансиското работење се одвивало според овие документи!?
Натаму, се наведува дека заради стимулирање на научно-истражувачкиот кадар донесен е Правилник за распределба и исплата на надоместоци на вработените и други ангажирани лица на Институтот!? Притоа, не се наведени лицата на кои им се исплатени овие средства, во која висина, за која цел и на крај колку е конечната сума исплатени средства според овој основ. Затоа, јавно барам по допрен глас, Финансова полиција да изврши контрола на средствата исплатени според овој основ, преку која авторска агенција се исплаќани, како е избрана таа авторска агенција, договорот за ангжаман итн.
Исто така, во оваа извештајна година извршена е набавка на две возила, но не е наведено која е висината на финансиите за оваа набавка и целокупната постапка за набавка.
Во овој извештаен период нема ниту една информација за извршени исплати на средства преку авторски агенции, колку средства се трансферирани на други сметки итн.
Вториот Извештај за работата на Директорот на научниот институт за 2022 година, е изготвен од директорката проф. д-р Валентина Пеливановска е со датум од декември 2022 година.
Последната точка 10 од Извештајот се однесува на Финансиско работење, инвестиции и развој. Во оваа точка на почетокот се наведува дека целокупното финансиско работење се засновува врз Програмата за работа на Институтот за 2022 година и Финансискиот план. Меѓутоа, на веб страницата не може да се пронајдат овие документи за да може јавноста да направи компарација дека навистина финансиското работење се одвивало според овие документи!?
Во оваа година извршена е измена на Правилникот за распределба и исплата на надоместоци на вработените и други ангажирани лица на Институтот. Заради зголемен обем на работа исплатена е награда два пати оваа година, но не е наведена висината на средствата, на кои лица, за која цел и на крај колку е конечната сума исплатени средства според овој основ. Исто така, со интерен акт зголемена е платата на вработените до 30%. Затоа, барам по допрен глас, Финансова полиција да изврши контрола на средствата исплатени според овој основ, преку која авторска агенција се исплаќани, како е избрана таа авторска агенција, договорот за ангжаман итн.
Третиот Извештај за работата на Директорот на научниот институт за 2023 година, е изготвен од директорката проф. д-р Валентина Пеливановска е со датум од декември 2023 година.
Последната точка 12 од Извештајот се однесува на Финансиско работење, инвестиции и развој. И во оваа година, заради зголемен обем на работа исплатена е награда линеарно за сите вработени оваа година, но не е наведена висината на средствата, на кои лица, за која цел и на крај колку е конечната сума исплатени средства според овој основ. Исто така, со интерен акт зголемена е платата на вработените до 28%. Затоа, барам по допрен глас, Финансова полиција да изврши контрола на средствата исплатени според овој основ, преку која авторска агенција се исплаќани, како е избрана таа авторска агенција, договорот за ангжаман итн.
Практично, целокупното работење на раководството на Научниот институт за тутун – Прилеп, eдиница на Универзитетот „Свети Климент Охридски” – Битола за време на првиот мандат потребно е што побрзо да биде предмет на истражување од страна на Финансиската полиција и ДКСК.
А, сомнежи за уште посериозни злоупотреби за лични цели, а заради јавниот интерес, потребно е да бидат објавени и истражувани од страна на Финансиската полиција.
Имено, еве како за пример може да се земе 2024 година. Во оваа година, за огромни средства постојат индиции дека се слеани во приватни новчаници и служат за богатење на лица кои за тоа и треба да одговараат.
Еве конкретно за што станува збор.
1.Преку авторска агенција АРТПИЦК ДООЕЛ СКОПЈЕ за 2024 година, исплатени се средства во износ од 7.918.774 денари
2.Која е висината на средствата исплаќани на следните фирми: БИГОР КЛИНИНГ ДООЕЛ СКОПЈЕ, ДАТА СИСТЕМИ, ПИТОН ДОО ОХРИД, ФАМ ДОО ПРИЛЕП, АГРОРЕКОЛТА ДООЕЛ ПРИЛЕП, ВЕНЕЦ ДОЛНИ ДИСАН/ВИНЕРИЈА НЕГОТИНО
3.Каква е улогата на Ректоратот во Битола во однос на контролата на исплатата на овие средства, дали истите се исплатени со нивна согласност, што мисли за ова Ректорот и раководството на Научниот институт за тутун – Прилеп?
Заради разрешување на дилемите кои ја оптоваруваат јавноста, а пред се’ заради јавниот интерес, барам ИТНО да се оствари истражување од страна на Финансова полиција за законитоста во трошењето на овие средства, точно да се објави на кој вработен колку средства му се исплаќани по разни основи, каде се исплаќани овие енормно високи средства преку авторката агенија АРТПИЦК ДООЕЛ СКОПЈЕ?
На крај да не заборавам, почитувани читатели (на порталот МКД.мк на 17.10 2024 година) беше објавено дека: „Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во просториите на Министерството со претставници од Научниот Институт за тутун-Прилеп, потпиша договор за користење на финансиска подршка за набавка и инсталирање на опрема за затворен начин на одгледување на расад на тутун во оранжериите на површина од 0,6 ха, за производство на семе од тутун во износ од 25 милиони денари, информираат од МЗШВ“.
Министре Цветан Трипуновски, Ви препорачувам да ги „отворите очите“ по склучениот Договорот, како ќе се трошат овие 25 милиони народни денари (кои се од МЗШВ со добра намена) да се врши целосна контрола од Министерството за секој потрошен денар.
Јавноста заслужува да се добие одговор на овие прашања, да се постави и прашањето на одговорност доколку се утврдат елементи на лично богатење и остварување на лукративни цели.
За напред наведеното со писмени дописи истовремено ќе бидат запознати Управата за финансиска полиција и ДКСК!
Одговорност мора да има!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес