Серискиот убиец „Змија“ пуштен од затворот во Непал

Чарлс Собраџ, осуден убиец за кој полицијата вели дека е одговорен за низа убиства во 1970-та и 1980-те години, пуштен е во петокот од затворот во Непал по речиси 20 години минати зад решетка.

Извршил најмалку 12 убиства и бил затворен во Индија од 1976 до 1997 година. По ослободувањето живеел во Париз. Потоа се вратил во Непал во 2003 година, каде што бил уапсен, изведен на суд и осуден на доживотен затвор.

Наречен „бикини убиец“ на Тајланд и „змија“ поради неговата способност да се извлече пред властите по сторените злосторства, сега 78-годишниот Собраџ, инаку француски државјанин, е осомничен за повеќе од 20 западните туристи на ткн „патеката на хипијата“ низ Азија.

Според непалските медиуми, Собраџ од затворот ќе биде одведен во имиграцискиот одел во главниот град Катманду каде ќе бидат изготвени исправите за негово враќање во Франција.

„Затворските власти ќе го предадат на одделот за доселување во текот на денот“, изјавил адвокатот на Собраџ, Гопал Шивакоти Чинтан во петокот и додаде дека тогаш „имиграциски службеници ќе го довршат потребниот процес за да биде вратен во неговата земја“.

Собрџ беше чуван во затвор со висока безбедност во Непал од 2003 година, кога е уапсен под обвинение за убиство на американската туристичка Кони Џо Бронзич во 1975 година, а одлежа 19 од 20-те години.

„Среќна сум и многу го почитувам нашето правосудство и Врховниот суд“, изјавила за агенцијата ANI Сакунтала Тапа мајката на неговата сопруга, откако била објавена веста за неговото ослободување.

Собраџ во 2008 се оженил Нихиту Бисвас, непалска државјанка и 44 година помлада од него жена.

 

Ограбувач, заводник, убиец

Собраџ негираше дека ја убил Американката, а неговите адвокати изјавуваа дека обвинението против него се заснова на претпоставка. Неколку години подоцна Собраџ, исто така, е прогласен виновен за убиството на Лорен Кариер, канадскиот пријател на Кони Џо Брознич.

Но беше осомничен за уште многу убиства, вклучително и на Тајланд, каде наводно дрогирал и убил шест жени во 1970-те години, од кои некои се најдени мртви на плажа во близина на познатото летувалиште Патаја.

Во затвор во Индија беше поради труењето на група француски туристи во главниот град Њу Делхи во 1976 година, пред да може да се суди по обвинувањата против него на Тајланд.

Собраџ побегна од индискиот затвор во Тихар во 1986 година, откако затворските чувари ги дрогирал со колачи во кои биле ставени таблети за спиење. Полицијата го уапсила Собраџ неколку дена подоцна на плажа во индиската сојузна држава Гоа.

Статуа на Собраџ, со неговата препознатлива капа и ден денес може да се види во ресторан во Гоа. Во Индија беше во затвор до 1997 година кога се врати во Франција.

Луѓето коишто го познаваат го опишуваат како измамник, заводник, ограбувач и убиец. Вистинскиот број на неговите жртви не е познат.