![Dimitar Ilievski-murato](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/Dimitar-Ilievski-murato.jpg?resize=400%2C416&ssl=1)
Еверес 89 беше првата македонско- хималајската експедиција во кога трагично загина битолчанецот Димитар Илиевски Мурато. ПСК Пелистер прославува – четврт век од освојувањето на врвот на светот. Емотивно беше навраќањето 25 години наназад на водачот на експедицијата, кој во Битола допатува специјално за јубилејот, го прераскажа целиот процес кој од 1982 година македонските алпинисти го подготвуваа за освојувањето на највисокиот светски врв.
Диме беше пионер на освојувањето на Монт Еверест. Денес секојдневно се освојува највисокиот врв, но во тоа време ние бевме меѓу 250 кои до таа 1989 година го освоија Монт Еверест. Тој беше способен да се аклиматизира на секоја ситуација, па така и на 8.000 метри рече Јован Поповски водач на експедицијата Еверест 89.
Водачот на експедицијата на семејството Илиевски му го подари сертификатот, кој од Непал пристигна во Македонија во 1998 година, дури 9 години по освојувањето рече дека ова признание заслужува да биде во Битола и во семејството Илиевски. Во сабота со меморијален марш, ќе заврши неделата на одбележување на подвигот на Мурато.