Лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ, изјави во средата по повод жалбената расправа којашто се одржа пред Хашкиот суд за воени злосторства, дека „има попаметни работи“ и дека пресудата на трибуналот, односно Механизмот за меѓународни кривични судови (MICT) не го интересира.
Воислав Шешељ сѐ уште не се изјасни за денешниот повик на хашкото обвинителство до жалбениот совет на MICT да му биде поништена ослободителна пресуда, но во пресрет на жалбената постапка во Хаг барањето на обвинителството го оцени како „глупост“, тврдејќи дека не постојат аргументи за да биде поништена пресудата со која што е ослободен од обвинувањата за воени злосторства.
„Барањето на обвинителството е глупост бидејќи не постојат никакви аргументи. За пресудата да падне,к обвинителот ора да докаже дека е прекршено правото или дека е погрешно утврдена фактичката состојба. Меѓутоа, не може да го докаже ниту едното, ниту другото и секој цивилизиран суд би го сопрел судењето и би донел ослободителна пресуда“, изјави Шешељ за комерцијалната телевизија Пинк.
Порачувајќи дека има „попаметна работа“ од следењето на процесот во Хаг, Шешељ рече дека подготвува нова книга, а пресудата ја очекува како поштенска пратка.
„Работа на новата книга. Пресудата ќе ми ја испратат по пошта. Што и да се случи, имам несоборливи аргументи дека моите прва се кршени, па е невозможно ниту и нашиот суд да ме испорача. Постапката трае веќе 15 години, што не е разумен ток, па не верувам дека и нашиот суд би донел одлука да бидам екстрадиран“, рече Шешељ.
Сепак, не ја исклучи можноста ослободителната пресуда да биде поништена и да биде побарано ново судење, но вели дека за тоа „измина секој разумен рок“, Своето доброволно заминување во Хаг со намера „да победил или да загине“ и одлуката да се брани самиот, Шешељ денес ја објаснува како најрационално можна.
„Доколку влезев во тој колосек и прифатев адвокат кого сакаа да ми го наметнат, веројатно наголемо ќе бев на робија. Постапив најрационално и не постои адвокат кој подобро би ме бранел од самиот себеси“, рече Шешељ.
Хашкото обвинителство во средата го повика жалбениот совет механизам за меѓународните кривични судови (MICT) да ја поништи ослободителната пресуда за Шешељ поради наводните „крупни пропусти на првостепениот совет кој и покрај изобилството докази во пресудата донел запрепастувачки заклучок дека немало систематски и раширен напад на несрпското население во Хрватска и во Босна и Херцеговина, дена немало здружен злосторнички потфат, како ниту одговорност на Шешељ за прогонот, убиствата и други воени злосторства“ во Хрватска, во БиХ и против војводинските Хрвати.
Со оцената дека „клучните прашања во предметот не се пресудени на вистински начин“, обвинителот Матијас Маркусен на жалбената распарав во Хах го нарече „запрепастувачки“ заклучокот на пресудата дека обвинителите не докажале систематски и распространет напад врз цивили во Хрватска и во БиХ.
„Жртвите и сведоците имаат прави да слушнат објаснување како овој судски совет може да дојде до таквиот заклучок“, рече Маркусен и порача дека пресудата според тие заклучоци е во спротивноста со повеќето други пресуди на Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства сторени на подрачјето на поранешна Југославија (ICTY).
Со првостепената пресуда којашто Хашкиот трибунал ја донесе во март 2016 година, Воислав Шешељ е ослободен од сите обвинувања за воени злосторства во Хрватска, Босна и Херцеговина и за протерувањето на Хрватите од Војводина.
Шешељ не присуствуваше на жалбената пресуда, а ќе може во писмена форма да одговори на усното излагање на обвинителот.
Хашкото обвинителство во жалбениот поднесок поднесен минатата 2016 година побара од жалбениот совет на MICT да утврди дека совет на расправата тешко згрешило кога го ослободило лидерот на српските радикали од секаква одговорност за воени злосторствата на споменатите територии во рамките на здружен злосторнички потфат предводен од поранешниот претседател на СР Југославија, Слободан Милошевиќ, како и Шешељ да го прогласи виновен и да го осуди на 28 години затвор или алтернативно да наложи повторување на судењето.
Хашкото обвинителство смета дека е докажано дека Шешељ во тој злосторнички потфат значително придонел со поттикнувачки говори и со испраќање доброволци, како и дека со тоа поттикнувал на злосторства.
Шешељ во притворот на Хашкиот трибунал беше од 2003 година кога доброволно замина во Хаг, па до ноември 2014 година кога е пуштен да се брани од слобода поради нарушеното здравје. Не присуствуваше ниту на изрекувањето на првостепената пресудата на 31-ви март 2015 година, а во меѓувреме за белградските медиуми изјави дека е потполно излечен од ракот.