Вчерашните демонстрации во Белград, доведоа до судир на демонстрантите и полицијата пред зградата каде претходно се обрати претседателот Алаксандар Вучиќ.
Додека траеле протестите Воислав Шешељ на телевизија Пинк изјави дека во тек е план за убиство на претседателот. Шешељ на ТВ пинк изјави дека никогаш не видел вакво насилство, и дека моторна пила е многу поопасна од пиштол.
Инаку вчера по упадот на демонстрантите во националната РТС, пред српскиот народ се обрати претседателот Александар Вучиќ кој изјави дека воопшто не стравува од никого. Тој вели дека ваквото сценарио е со поддршка од Приштина и дека Србија нема да дозволи насилства. Вучиќ порача дека сите оние кои се подготвени со насилство да решаваат проблеми, да бидат подготвени и на понатамошни последици.
Тој за демонстрантите изјави дека дозволено е да протестираат се додека тоа не доведе до насилство. Вучиќ вели дека токму тоа се случило вчера, бидејќи не можеле да влезат кај него затоа демонстрантите насилно упаднале во РТС и им се заканувале на исплашените дами.
Тој порача дека не се плаши, вели дека може да го изгуби животот но ништо повеќе од тоа, но Србија ќе остане стабилна земја и нема да дозволи никој со насилство да решава проблеми.