
Централната кинеска телевизија ЦЦТВ на Твитер наведе дека напаѓачот е на возраст од околу 50 години и дека ранил шест деца, но не даде повеќе детали за инцидентот.
Сликите што телевизијата ги објави на Твитер покажуваат како возилата на Брзата помош ги префрлаат децата в болница.
Агенцијата Ксинхуа соопшти дека нападот се случил во градот Ханзонг, во покраината Шанси.
Претходните неколку години во Кина имаше неколку вакви напади врз деца, извршени со нож или секира.