Министерот за здравство Арбен Таравари продолжува безобразно и дрско да тера политика, додека деца умираат, пишува Курир.
Како да не е доволно срамота што не превзема одговорност за трагичните настани, Таравари иронично се обраќа преку Фејсбук и покажува непочитување кон семејствата чии дечиња умреа во клиниките со кои како министер раководи тој.
Шест деца умреа, Таравари се потсмевнува!
Новиот министер за здравство не најде време да изрази ниту сочувство, ниту одговорност, ниту да превземе вина. Четири новороденчиња, едно 7-месечно бебе и две ипол годишно дете умреа за само една недела. Но тој сака да биде интересен и смешен на социјалните мрежи, а наместо тоа стана безобразен, дури и морбиден!
„Здраво МВРО, пардон ВМРО, не се 6 деца, туку 500 000 луѓе избегаа од Македонија во вашите 11 години“, напиша Таравари на својот Фејсбук профил.
Многу семејства плачат и се во длабока тага затоа што откако Таравари е министер во клиникте им умреа дечињата! Цела македонска јавност сочувствува со нив.
Освен што Таравари нема лице да превземе одговорност, сега покажа дека нема ниту срам, ниту чувства. Него не му е важно што умираат деца, важно му е да собере лајкови на социјалните мрежи!