
Пораншениот советник на ВМРО-ДПМНЕ во скопската општина Центар, Јордан Ристовски, е осуден во четвртокот на шест месеци условна казна, откакожпризна вина како обвинет во случајот за „Насилството во општина Центар“.
Пресудата веднаш станува правосилна бидејќи обвинетиот се откажа од жалба до Апелација, а жалба нема да поднесе ниту СЈО. Поранешниот советник Ристески, пред судот рече дека ја признава вината без закани, притисоци и уцени, давајќи ветување дека во иднина нема да стори кривично дело.
Тој е вториот обвинет во овој предмет кој ја признава вината, откако истото го стори и советникот Томислав Лазаров, кој доби, ито така, условна казна од шест месеци.
Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои и проанешниот премиерот Никола Груевски и проанешниот министер за транспортт Миле Јанакиески.