Шест турски авиони вегле во воздушниот простор на Грција

Шест турски авиони го повредиле воздушниот простор на Грција
Шест турски авиони го повредиле воздушниот простор на Грција

Грчките власти соопштија дека шест турски авиони-ловци и еден морнарички извидувачки авион 22 пати навлегле и го прекршиле грчкиот воздушен простор над Егејско Море.

Од овие 22 прекршувања, дури 19 повреди на воздушниот простор ги извршил турски извидувачки авион „ЦН-235“, што летал над остров во источниот и централниот дел на Егејско Море, пренесе грчката агенција АНА-МПА.

Во сите инциденти, турските авиони биле забележени и пресретнати од грчки ловци. Два од турските авиони биле вооружени.

Грција полага право на 10 милји од воздушниот простор околу своите острови, а Турција признава само шест милји и спорниот дел го смета за меѓународна зона во која испраќа свои борбени авиони.