Најмалку шест лица, меѓу кои четири се деца, загинале во понеделникот во кенискиот град Момбаса откако ѕид во една болница се урнал по силниот дожд, соопштија властите.
„Загинаа четири деца на возраст меѓу 5 и 15 години, и нивната мајка, како и еден маж кои е локален претприемач“, изјавил началникот на полицијата во Момбаса, Лукас Огара, пренесува Reuters.
Шесте жртви се наоѓале во соседните куќи кои ги поклопил урнатиот ѕид.
Поради поплавите во прекин е сообраќајот на главниот автопат кој ја поврзува Момбаса со северните туристички центри Малинди и Ламу.
Кенија инаку се соочува со проблемот од недостиг од простор за домување за населението чијшто број рапидно се зголемува. Истовремено, градежниците често ги кршат прописите за да ја задоволат огромната побарувачка.
Поради тоа, чести се несреќите и уривањата на згради. Така минатата година во главниот град Најроби загина 51 лице во уривањето на штотуку изграден станбен објекти.