Сестра му на Бујар Османи во М-НАВ работела 15 години, тој се правда дека немал улога во нејзиното вработување

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека нема никаква улога во вработувањето на неговата сестра во М-НАВ, бидејќи таа работи таму повеќе време отколку што е тој министер.

– Работи од пред 15 години. За критериумите ќе ги прашате во М-НАВ. Јас немам никаква улога во тоа. Тоа е 12 години пред јас за станам министер за надворешни работи, рече тој. Додаде: – Оваа тема е користена секои избори во последните 15 години и веќе 15 години јас истото образложение го давам. Меѓутоа, очигледно изборите го прават тоа, така што ќе играме по тие ноти, рече Османи, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција со неговиот албански колега Игли Хасани.

Покрај сестрата на министерот Османи, во М-НАВ се вработени и роднини на вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министерот за земјоделство Љупчо Николовски.