Сестрата на Северина откри зошто не била на венчавката

Сестрата на Северина откри зошто не била на венчавката. Зденка Жуниќ и нејзиниот сопруг Здравко Жуниќ не беа ниту на венчавката во Истра, а не присуствуваа ниту на свадбата на Северина и Игор што се одржа во Белград.

И додека сите говорат за венчавката на Северина и Игор Којиќ, сестрата на балканската поп дива вели дека не го одобрува нејзиното однесување.

seve-igor-svadba

Од почит кон моите роднини и пријатели, загинатите хрватски војници, почитувајќи го маријанскиот католички морал, не го одобруваме овој естраден циркус, вели Зденка за „Слободна Далмација“ и додава:

Не го поддржваме сето ова, Србите над нас водеа вооружена војна, не угнетуваа 50 години, а сега водат психолошка војна. Мојата сестра порасна во хрватско морално, римокатоличко семејство, од татко Хрват и мајка Хрватица, но нејзиниот живот го презема менаџерската машинерија. Таа има планетарна слава, но сигурно има тажен живот. Се молам за нејзиното здравје и среќа, заклучи сестрата на Северина.