Сестрата го пријавила братот бидејќи правел проблеми – полицијата дошла тој и нив ги истепал

Скопјанец правел проблеми на улицата „ Кипарска“ во Скопје. Според информациите на МВР, вчера  во 19,30 часот по претходна пријава од Н.Џ.(49)  во Секторот за внатрешни работи Скопје за нарушен јавен ред и мир на улицата „Кипарска“ од страна на нејзиниот брат Ѓ.Џ. (41) на местото на настанот биле упатени двајца полициски службеници од Полициската станица Чаир.

Откако дошле Ѓ.Џ. почнал да им упатува пцовки, навреди и закани на полициските службеници и во еден момент физички ги нападнал по што Ѓ.Џ. веднаш бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.