Педесет и двегодишни сестри близначки од Скопје се сместени во Ургентниот центар откако вчера се нападнале една со друга со ножеви.
Според информациите од полицијата, околу 13,30 часот во нивниот дом на улица Водњанска сестрите М.П. и М.П. почнале расправија при што со кујнски ножеви си нанеле по неколку убодни рани една на друга.
Докторите кај една од сестрите констатирале крварење од белодробно крило, додека повредите кај другата сестра засега не се прецизирани.
Причините за расправијата засега не се познати.