Една од карактеристиките на американско-канадската професионална кошаркарска лига е што може да се проследи преку изобилство на статистиката, бројки, просек… Некои отишле чекор понатаму и ја откриле лошата среќа за НБА играчите од сестрите Кардашијан. Жените за кои е познато дека не направиле ништо, освен што се познати.
Статистика НБА- Кардашијан оди во насока на врските кои сестрите Кардашијан ги имале со некои од играчите во НБА, а ефектот од нив е дека сите драстично назадувале што придонело за пад во нивната ефикасност и кариера.
Тристан Томпсон, играчот на „Кливленд“, кој во моментов игра финале на НБА лигата, пред да започне врска со Кардашијан имал просек од 11,7 поени и 9,4 скока, а откако прекинал 5,8 поени и 6,6 скока.
Ламар Одом пред Кардашијан 14,4 поени, 8,7 скока и 3 асистенции, по Кардашијан 6,6 поени, 4,2 скока и 1,7 асистенции. Чендлер Парсонс пред Кардашијан 16,6 поени, 5,3 скока и 4 асистенции, по Кардашијан- 8 поени, 2,5 скокови и 1,9 асистенции, Крис Хумпрес пред Кардашијан- 13,8 поени, 11 скока, по Кардашијан – 5,8 поени, 5,6 скока
Според тоа, ефектот на сестрите Кардашијан за статистика на НБА играчите со кои тие биле во врска е пад на ефикасноста за 51 отсто, процентот скокови понизок за 47 отсто и на додавања 55 проценти.
Кошаркарот на „Филаделфија“, Бен Симонс наводно е во врска со Кортни Кардашијан, но кутриот, очигледно немал претстава за оваа статистика.