Јужнокорејските и кинеските функционери во вторникот го доведоа во прашања тврдењето на некои американски медиуми кои се повикуваат на разизнавачки извори, според коишто севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун се наоѓа во „смртна опасност“ по оператифен зафат.
Шпекулациите за здравствената состојба на Ким Џонг-ун започнаа, откако на 16-ти април, службената севернокорејска новинска агенција KCNA информираше дека претходниот ден Кум првпат по многу години не пристуствувал во Камсусанскиот дворец на Сонцето на церемонијата на коајшто присуствувале највисоките личности на комунистичката партија по повод 108-годишнината од раѓањето на неговиот дедо Ким Ил-сунг, основачот на Северна Кореја. Претходно Ким Џонг-ун се немаше појавено во јавноста од 11-ти април, кога претседавал со заседанието на Политбирот на Центарлниот комитет на Работничката партија на Кореј за внатрешно-политички прашања.
Следниот дел наводно Ким посетил воздухопловна база и надлгедува воени вежни на млазни авиони и ловци-бомбардери. Два дена подоцна Северна Кореја истрала ракета со кус дострел, а авионите „Сухои“ на маневри гаѓаа со ракети „воздух-земја“. Лансирањата биле изведени по повод роденденот на Ким, според јужнокорејските извори, а севернокорејските медиуми наведуваат дека тогаш челникот бил присутен.
Јужнокорјескиот портал Daily NK, кој објавува информации поврзани со Северна Кореја, доцна ноќта кон вторникот повикувајќи се на неименувани извори од Пјонгјанг објави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, за кој се верува дека има 36 години, тешко закрепнува од кардиоваскуларна операција изведена на 12-ти април. Во прилогот се наведува дека Ким е на лекување во резиденција сместане на планинате Мјоханг, северно од Пјонгјанг.
„Колку што разбирам, тој се бори со кардиоваскуларни проблеми од авгист, но се влошиле по посетата на пламината Паекту“, рекол соговорникот на Daily NK. Ким на оваа митска и света планина за Корејција беше сниме како јава коњ во октомври и декември.
Интернетскиот дневен весник Daily NK објави претходно дека Ким бил примен во болница на 12-ти април, неколку часа пред кардиоваскупарлан операција, бидејќи неговата здравствена состојба се влошувала од ланскиот август поради пушење, дебелината и претераното работење.
На тоа се надоврза информацијата на американската телевизија CNN, којашто повикувајќи се на некоилку американски и јужнокорејски анонимни разузнавачки извори, објави дека Вашингтон „ги следи разузнавачките податоци“ за здравствената состојба на Ким кој наводно бил во „голема животна опасност“. Агенцијата Bloomberg, пак, повикувајќи се на неименуван американски фунцкионер, пренесува дека според сознанијата на Белата куќа, здравствената состојба на Ким Џонг-ун се влошила по операцијата.
Меѓутоа, два јужнокорејски фукционери во вторникот за агенцијата Reuters ги отфрлиле тврдењата на CNN, иако не ги коментирале наводите за операцијата на севернокорејскиот челник. Истовремено, Сината куќа (официјалната резиденција на претседателот на Јужна Кореја) објави дека не се забележани невообичаени активности од Северна Кореја.
За Reuters упатен американски зивор, исто така, ги проблематизирал тврдењата за „смртната опасност“. „Секој веродстоен извештај поврзан со Ким би се темелел на парцијалнни податоци и веројатно не би дошол до медиумите“, рекол за агенцијата експерт за Кореа кој е ангажиран за американската влада.
Висок функционер од секторот за меѓународни комуникации на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, за Reuters рекол дека неговиот извор не верува дека Ким се наоѓа во смртна опасност. Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Генг Жуанг, изјави дека Пекинг е запознаен со наводите за здравјето на Ким, но дека не знае што е изворот на овие тврдења. Кина инаку е единствениот сојузник на Северна Кореја и е доста влијателна во Пјонгјанг.
Портпаролот на јапонската влада, Јошихиде Суга, не сакал да ги коментира информациите за здравјето на Ким. „Ќе продолжиме да сопбираме и анализираме информации за Северна Кореја, соработувајќи притоа со други земји, како на пример САД“, рекол.