Сеул ќе разгледа привремено укинување на санкциите за Пјонгјанг поради Зимската олимпијада

Јужна Кореја соопшти во вторникот дека ќе разгледа привремено укинување на санкциите против Северна Кореја, доколку тоа е потребно за да се олесни доаѓањето на Севернокорејците на Зимските олипмиски игри следниот месец во Пјонгчанг.

Јужна Кореја еднострано забрани влегување во земјата за неколку севернокорејски функционери, како одговор на нуклеарните и ракетни тестови на Северна Кореја.

Доколку Сеул мора да преземе чекори за да помогне Севернокорејците да дојдат на олимписките игри, ќе ги разгледа со Советот за безбедност при Обединетите нации и другите релевантни земји, изјави министерот за надворешни работи Рох Кју-деок на редовниот брифинг со новинарите.

Северна Кореја соопшти во текот на ретките меѓукорејски разговори во вторникот дека ќе испрати делегација високи функционери, спортисти и навивачи на зимските олимписки игри во Пјонгчанг, кои ќе се одржат од 9-ти до 25-ти февруари.

„Што се однесува Пјонгчанг, Северна Кореја порача дека ќе испрати висока делегација, спортисти коишто ќе го претставуваат Олимпискиот комитет на Народна Република, навивачка група, уметничка група, група посетителите, демонстрациска теквондо екипа и група новинари“, изјави по завршувањето на првиот дел од преговорите меѓу двете Кореи во пограничното гратче Панмучом, високиот јужнокорејски функционер Хае-сунг Чун.