Јужнокорејското Министерство за одбрана предупреди во неделата дека секој обид на Северна Кореја да употреби нуклеарно оружје ќе доведе до „пад на режимот“ во Пјонгјанг, пренесе службената новинска агенција Yonhap.
Претходно во неделата севернокорејската државна новинска агенција KCNA пренесе дека севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун на шестиот пленум на Корејската работничка партија повикал на зајакнување на нуклеарните сили на земјата и засилување на масовното производство нуклеарни боеви глави.
Покрај тоа, Ким најавил создавање нови систем за лансирање интерконтинентални балистички ракети (ICBM) способни за моментален противнапад, како и скорешно завршување на проектот за лансирање шпионски и воен сателит и повеќецевни лансирни системи односно 30 единици од системот, нарекувајќи го „основно офанзивно оружје“ со целата Јужна Кореја во својот дострел, и способноста за ненадејно и прецизно лансирање.
Севернокорејскиот водач порача дека ситуацијата кога „јужнокорејските марионети“ очигледно станале „недвосмислен непријател“ на Северна Кореја, бара „експоненцијално“ зголемување на бројот нуклеарни боеви глави и ја истакна важноста од неопходноста од масовно производство на тактичко нуклеарно оружје.
„Сегашната преовладувачка ситуација бара преземање удвоени напори за силно да биде зајакната воената сила… како одговори на загрижувачките воени потези на САД и на другите непријателски сили“, го цитира агенцијата заклучокот од состанокот.
Во Сеул истакнаа дека сериозно ги сфаќаат заканите од Пјонгјанг, но предупредија ја жесток одговор на секаква непријателска севернокорејска активност.
„Сериозно предупредуваме дека доколку Северна Кореја се обиде да употреби нуклеарно оружје, тоа ќе доведе до пад на режимот на Ким Џонг-ун“, се истакнува во соопштението на јужнокорејското Министерство за одбрана.
Во објавата се обвинува Пјонгјанг дека е „подготвен дури да започне војна“ и се повикува Северна Кореја веднаш да го запре развојот на нуклеарниот арсенал и „да се врати на патот“ на денуклеаризацијата, оценувајќи го како „единствениот начин“ за подобрување на животните услови за севернокорејскиот народ.
Јужна Кореја, исто така, ветува дека „жестоко ќе одговори“ на нуклеарните и ракетни закани од нејзиниот сосед со „драстично“ зајакнување на својот одбранбен „триосекен“ систем. Тој се состои од системот за превентивен удар „Kill Chain“, противракетната одбрана KAMD, и системот за „масовна казна и одмазда“ KMPR. Последното подразбира одговор со масовно лансирање ракети во случај на напад од страна на Северна Кореја.