Шевченко е најскапиот фудбалер во историјата на Премиер лигата

Иако Манчестер Јунајтед пред две години на Јувентус му плати 105 милиони евра за францускиот интернационалец Пол Погба, најскапиот играч во историјата на англиската Премиер лига е Украинецот Андриј Шевченко, кој во 2006 се пресели од Милан во Челзи.

Трансферот на Шевченко тогаш изнесуваше 73 милиони евра, што според истражувањето на порталот TotallyMoney денес би изнесувал дури 160 милиони евра.

Финансиските стручњаци на TotallyMoney ги анализирале сите трансфери во Премиер лигата од 1992 година и врз основа на низа параметри и фактори направиле „формула за инфлацијата на фудбалските играчи“. На основа на оваа формула направиле и табела на најголемите трансфери.

На врвот на листата се Андриј Шевченко, Алан Ширер и Рио Фердинанд. Трансферот на Шевченко денес би изнесувал 160 милиони евра, на Ширер -157 милиони евра, а на Фердинанд – 138 милиони евра.

Ширер во 1996 година се пресели од Блекбурн Роверс во Њукасл Јунајтед за 20 милиони евра, додека Фердинанд во 2002 година го напушти Лидс Јунајтед и за 35 милиони евра мина во Манчестер Јунајтед. Сегашниот англиски рекордер Пол Погна, кој пред две години од Јувентус мина во Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра на оваа табела е само четврти. Во првите пет е и Фернандо Торес, односно во 2010 година за шпанскиот напаѓач Челзи на Ливерпул ,му плати 18 милиони евра, кои денес се околу 130 милиони евра, за малку помалку отколку трансферот на Погба.

„Многумина мислат дека фудбалерите секогаш биле многу платени. Нашето истражување покажува дека поради глобализацијата на фудбалот, неговите сѐ поголема популарност во светот и телевизиската понуда, најголемите фудбалски клубови можат да си дозволат да се натпреваруваат за најдобрите играчи, но и дека фудбалската инфлација далеку ја надминува дневната инфлација“, вели Хенри Киган од TotallyMoney.