Севе: Кој не ја тресел ќесата од правосмукалката, тој не знае што се педесет нијанси сива

Веќе е општо познато дека хрватската поп пејачка Северина во секој миг ги информира своите обожаватели за се што прави и каде оди. Таа деновиве ги почести обожавателите со фотографии на социјалните мрежи додека чисти по дома.

И во оваа прилика Севе изгледа неодоливо, а по се изгледа таа не ги избегнува високите потпетици и додека чисти по дома.

seveeee

Оваа прилика пејачката ја искористи исто така и за да се пошегува на сметка на филмот чија што премиера беше актуелна деновиве „Педесет нијанси сива“.

Така Севе под фотографиите напиша:

„Кој не ја тресел ќесата од правосмукалката, тој не знае што се педесет нијанси сива“.

Во продолжение проследете го трејлерот за филмот: