Северина: Да завршев факултет ќе работев за плата, сега морам да се глупирам

Балканската дива Северина во последно е актуелна во медиумите поради нејзината врска со Игро Којиќ, а таа уште еднаш ја отвори душата пред јавноста.

Севе за хрватските медиуми зборуваше за нејзината љубов Игор, но и за нејзиниот живот.

– Кој ми е виновен? Да завршев факултет ќе работев убаво за плата. Сега вака, морам да се глупирам – вели Севе.

Таа насмеана призна дека ужива во љубовта со 15 години помладиот Игор Којиќ за кој изјави дека е брз! Но потоа додаде уште неколку реченици за да објасни што мислела со тоа.

– Кога треба е брз. На пример кога ќе одам во град да купам нешто. Тогаш е брз. Кога мене ми треба брзо. Тоа мислев да го кажам – вели Северина смеејќи се.