Поп ѕвездата Северина до скоро не следеше буквално никој на својот Инстаграм профил, откако го одследила својот поранешен сопруг Игор Којиќ.
Сепак, таа по долгата пауза започна да заследува луѓе, а меѓу нив има и еден интересен лик.
Станува збор за српскиот актер Милош Биковиќ кој исто така ја следи пејачката.
Северина на Инстаграм инаку ја следат 1,3 милиони луѓе, додека српскиот актер го следат 1,9 милиони луѓе.
Северина инаку ги заследи и долгогодишните колеги Петар Грашо, како и актерите Горан Богдан и Христина Поповиќ.