Северина го смени текстот на нејзиниот хит и ги исмеја бившите Којиќ и Поповиќ

За време на еден неодамнешен настап, хрватската пејачка Северина Вучковиќ го смени текстот на нејзината песна „Мили мој“, алудирајќи на поранешниот сопруг Игор Којиќ и неговиот нов пријател Милан Поповиќ, кој е, исто така, поранешен партнер на пејачката, со кого го има синот Александар.

„Мил мој, како не сфати претходно, кој ми ги испрати тие огромни тужби на моја адреса. А ти, како машка глупачка, со него убаво патеше…“, запеа Северина.

Оригиналниот текст гласи: „Мил мој, како не сфатив претходно, кој ми ги пишуваше оние тајни шифри на мојот пат. Не, јас како глупачка видно патев за друг, а ти беше она марамче кое ми ги бришеше солзите“.

Снимката од настапот можете да ја изгледате тука.

Имено, Игор Којиќ и Милан Поповиќ станаа големи пријатели по разводот на Којиќ и пејачката. Се дружеа на летен одмор, Поповиќ беше поканет на роденденот на Којиќ, беа забележани на вечера во Загреб итн.

Во последните неколку години, Северина помина низ многу тешки моменти кога по судска одлука старателството над нејзиниот син му припадна на неговиот татко – Милан Поповиќ.

Од крајот на 2019 година, таа можеше да се гледа со синот само двапати неделно по неколку часа, секој втор викенд, за време на празниците и за време на летните и зимските одмори. Оттогаш пејачката со сите сили се бореше да си го врати синот, а успеа да го направи тоа во септември 2021 година кога конечно го доби заедничкото старателство над Александар.

Како потсетување, Северина и Милан Поповиќ го добија синот Александар во 2012 година, а се разделија во 2014 година.