
Сплитската пејачка Северина Вучковиќ во петокот застана на лудиот камен. Таа го кажа судбоносното „Да“ и се омажи за Игор Којиќ, синот на печајот Драган Којиќ Кеба.
Според пишувањето на српските медиуми, Северина и нејзиниот сопруг, медениот месец ќе го поминат во Америка, кај Драган и неговата сопруга Оља.
Така, решиле по Хрватска, во која се заколнаа на вечна љубов, да одлетаат во Америка, во посета на сестрата на Игор, Наташа.
Од порано е познато дека семејството Којиќ ја засакаа Северина од првиот ден, па таа брзо стана член на семејството.
-Откако влезе во домот на Којиќ, таа не замина во луксузен хотел. Секој пат кога ќе дојде во Белград спие кај Игор, пишуваат тамошните медиуми.