Убаво е да се биде Којиќ, навистина е полесно, пократко е… Моментално најпопуларната брачна двојка на Балканот, Северина и Игор Којиќ проговорија за нивната свадба, што се случи во неделата на 22-ри ноември во Белград.
Најемотивно ми беше кога влегов во салата и ги видов луѓето што дојдоа само поради нас. Кога Игор и јас останавме сами во собата, по се што се случуваше, бевме пресреќни. Мислам дека свадбата беше одлична, не ни претчувствуваме дека ќе биде така, вели за српските медиуми, Севе.
Таа додава дека одлично се чувствува како госпоѓа Којиќ.
Сеуште не сум се навикнала на новото презиме, но се навикнувам. Кога почнав да пејам во еден текст напишаа дека одамна сум го загубила презимето, а имав 21 – 22 години. Кога некој вели Оливер или Тереза, точно се знае за кој Оливер или за која Тереза станува збор, така што од мала го загубив презимето, затоа што сите ме знаат само по името. Убаво е да се биде Којиќ, навистина е полесно, пократко е, вели таа.