Пелистерка вчера го промовираше седмиот календар на компанијата, кој изминативе години стана нивниот заштитен знак.
Дванаесет беспрекорни фотографии на Северина, подигната од меурчињата на газираната Пелистерка, кои даваат посебен шарм, на навидум секојдневните активности. Играјќи со дуализмот на силните бои, секоја страница од календарот нуди свеж пристап во поп арт стилот и навестува период на нови, визуелни изненадувања.