Северина откри кој и ја дизајнирал венчаницата

Северина откри кој и ја дизајнирал венчаницата за свадбата во Белград. Балканската поп дива ги одбројува деновите до склопувањето на граѓански брак во Белград.

Откако во септември во тајност се омажи за Игор Којиќ во Истра, 43-годишната пејачка откри и чија венчаница ќе носи на свадбата закажана за 22-ри ноември.

severina-se-omazi-1

-Матија Вуица. Затоа што ја обожавам и сметам дека е најдобра, не само за венчаници, туку и за преубавни вечерни фустани – изјави Северина пред камерите на РТЛ и откри дека подготовките за венчавката одат во најдобар ред.

Хрватските медиуми пишуваат дека Севе за време на гламурозната вечер ќе промени дури четири фустани, а Игор две одела.