Северина по разводот со Игор: Тој е прекрасен партнер, но јас не сум јавна вреќа за „млатење“

Хрватската пејачка северина Северина и Игор Којиќ и официјално се разведоа, а по тој повод за прв пат се огласи и пејачката.

-Игор е прекрасен партнер, поддршка, беше со мене во најтешкиот период од мојот живот и му ја посакувам сета среќа на овој свет. Знам дека сум јавна личност, но не сум јавна вреќа за „млатење“. Секоја разделба е тешка и ги молам медиумите да се воздржат од пишување на глупости и непроверени трачеви, вели Северина и порача: „Мене мојот живот не можете да ми го уништите, но за вашиот се уште имате шанса да го поправите.“