Северина Којиќ на својот Инстаграм профил објави фотоградија на која позира во костим за капење.
Станува збор за посебен костим за капење, затоа што денес, на денот на инаугурацијата на Џо Бајден, Северина облече костим за капење со мотиви од американското знаме.
Во описот таа ставила само емотион од Кипот на слободата, симболот на САД и хаштаговите #volimstosevolimo и #ljubavseljubavljuvraca.
Фотографијата за само три часа собра повеќе од 20.000 лајкови и бројни коментари кои се главно позитивни и го фалат изгледот на Северина како и иницијативата за поддршка на новиот американски претседател.
Таа подоцна постави и друга фотографија.
Штета за Меланија, стои во описот на фотографијата каде Северина позира во костим за капење со мотиви на американското знаме.