Северина тајно се омажи за Игор на Истра. Таа ги изненади сите со фотографија во невестински фустан, по што низ медиумите прсна веста дека таа тајно се венчава вечерва во Бале, и тоа на имот на екс министерот Љубе Бошковски.
Како што пишуваат медиумите повикана била мала група гости, со цел двојката сосема да избега од очите на медиумите и јавноста.
Пред ресторанот „Лав“ во сопственост на семејството Бошковски имало голема гужва и многу медиуми, кои биле сопрени на влезот.
Северина се омажи за 28 годишниот Игор Којиќ, поранешен фудблаер и син на пејачот Кеба.
Како што соопштуваат локалните медиуми Северина и Игор денес судбоносното „да“ го кажале во 12.30 часот во црквата во Бале, а на церемонијата присуствувало само потесното семејство.
Иако популарната Севе денес на нејзиниот Фејсбук профил објавила дека ќе се венча на 22 ноември, тоа било само трик за целата церемонија да може да се одигра зад очите на јавноста.