![aaaaaaaa](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/12/aaaaaaaa1.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Плаќањето за секс е забрането во Северна Ирска, која е првата британска територија која ја воведе оваа одредба.
Пионери во оваа законодавна пракса се скандинавските земји.
Огромно мнозинство политичари од двете заедници во Северна Ирска – протестантската и католичката – се обединија и гласаа за поддршка на предлог законот за трговија со луѓе и за сексуални услуги, што е подготвен уште од средината на минатата година.
Велика Британија и многу земји од ЕУ го почитуваат легалниот карактер на проституцијата, а во исто време ги криминализираат повеќето дејности што се поврзани со неа, вклучувајќи ги јавните куќи и нудењето сексуални услуги.
Шведска, Норвешка, Исланд, а сега и Северна Ирска, одлучија дека корисниците на сексуални услуги вршат криминал, но не и проститутките.
Ваков сличен закон се разгледува и во Ирска.
Според донесениот закон, плаќањето за секс во Северна Ирска ќе се казнува со затвор до една година.