Северна Кореја ќе ги забрза чекорите за да стане нуклеарна суперсила

Севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун порача дека неговата земја ќе ги забрза чекорите за да стане воена суперсила со нуклеарно оружје и го повтори предупредувањето дека нема да ја исклучи неговата употреба доколку биде нападната од непријатели, објави во вторник државната новинска агенција KCNA.

Во говорот одржан на универзитетот Универзитетот за национална одбрана по повод 60-годишнината од неговото основање во понеделникот, Ким исто така рекол дека нема намера да ја нападне Јужна Кореја, но предупереди дека „доколку непријателот се обиде да употреби сила против нашата земја“, севернокорејската војска без двоумење ќе ја употреби целата своја моќ, што „не ја исклучува употребата на нуклеарно оружје“. Според KCNA, Ким истоврeмено побарал и опширно зајакнување на одбраната на Северна Кореја.

Според Ким Џонг-ун, нарушувањето на стратешката рамнотежа на Корејскиот полуостров ќе доведе до војна, и поради тоа политиката на Пјонгјанг е насочена кон поседување физички средства што „овозможуваат одвраќање на непријателот и контролирање на ситуацијата е сосема справелива. „Нашите чекори кон станување воена суперсила, нуклеарна земја, ќе станат уште побрзи“, рекол севернокорејскиот водач цитиран од KCNA.

„Воениот сојуз меѓу Соединетите држави и Јужна Кореја, како што се фалат самите марионети, целосно стана нуклеарен, во таква ситуација треба да одржиме бескрајно висока борбена готовност“, додал Ким Џонг-ун.

Потсетил дека Пјонгјанг не ја исклучува употребата на нуклеарно оружје. „Нам ни се спротивставува најголемата нуклеарна сила во светот, а најгрните марионети се обидуваат да манипулираат со неа“, додал Ким.

„Во таква ситуација, бескорисно е да се надеваме на опстанок, ниту на среќата, ниту ‘духовите’ нема да ја заштитат Републиката… И ова нема никаква врска со реториката, како што велат ОН, туку е директно и практично предупредување“, додаде лидерот на Северна Кореја, појасннувајќи дека на 4-ти октомври претставник на генералниот секретар на ОН побарал од Пјонгјанг „да го намали нивото на реториката“.

Ким испратил и роденденска порака до рускиот претседател Владимир Путин, пренесе KCNA.

Во неа, меѓу дугото, го нарекол Путин негов „најблизок другар“, велејќи дека „стратешките и кооперативни односи“ меѓу двете земји ќе бидат подигнати на ново ниво за да бидат ставен во функција на „одбраната на регионалниот и глобалниот мир и меѓународната правда“.