Северна Кореја истрела нов модел балистичка ракета во четвртокот, што предизвика паника во северниот дел на Јапонија, каде што на жителите им беше кажано да одат во засолништа, иако подоцна се покажа дека нemaлао опасност.
Ракетата прелетала околу 1.000 километри, соопшти јужнокорејската војска, нарекувајќи го лансирањето „тешка провокација“.
Максималната височина на траекторијата на ракетата не е официјално објавена, но јужнокорејската новинска агенција Yonhap објави дека се чини дека е пониска од 3.000 километри, далеку под виспчината на некои севернокорејски тестови минатата година кои надминаа 6.000 километри.
Војската на Јужна Кореја соопшти дека е во состојба на висока готовност и дека тесно се координира со својот главен сојузник Соединетите држави, кои „остро го осудија“ она што Белата куќа во соопштението го наведе дека е тестирање на балистичка ракета со долг дострел.
Јужнокорејски воен претставник објави дека тестот очигледно вклучува нов систем за оружје прикажан на неодамнешните севернокорејски воени паради. Војската ја анализираше траекторијата и дострелот на ракетата, а Министерството за одбрана рече дека тоа би можело да биде проектил на цврсто гориво.
Северна Кореја работи на развој на повеќе ракети на цврсто гориво, кои се полесни за складирање и транспорт, и кои можат да бидат лансирани без речиси никакво предупредување или време за подготовка.
Иако Северна Кореја претходно тестираше ракети со краток дострел и со цврсто гориво, таа сè уште нема тестирано ракета со долг дострел од овој тип, рече Брус Бенет, висок одбранбен аналитичар во американската корпорација RAND.
Ракетата била истрелана од близина на Пјонгјанг, соопшти јужнокорејската војска, што значи дека можела да биде лансирана од меѓународниот аеродром во близина на главниот град, местото на ракетно тестирање во 2017 година.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида свика состанок на Советот за национална безбедност како одговор на лансирањето. Јапонската крајбрежна стража соопшти дека проектилот паднал во морето источно од Северна Кореја. Министерот за одбрана Јасуказу Хамада рече дека се чини дека проектилот бил истрелан кон исток под висок агол и дека не може да потврди дали проектилот ја преминал ексклузивната економска зона на Јапонија.
Јапонските власти го укинаа предупредувањето за островот Хокаидо кога утврдија дека ракетата нема да падне во близина. Тамошен студент изјави за јапонскиот NHK дека алармот предизвикал итна паника на железничката станица.
„Во возот за момент настана паника, но службеникот на станицата им рече да се смират и луѓето се смирија“, изјавил неидентификуваниот маж за NHK.
Лансирањето доаѓа неколку дена откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун повика на „попрактично и офанзивно“ воено одвраќање за да се спротивстави на, како што ги нарече, потезите на агресија од страна на Соединетите држави.
Осудувајќи ги најновите во серијата севернокорејски ракетни тестови, Соединетите држави ја обновија својата понуда за отворање преговори.
„Вратата не е затворена за дипломатијата, но Пјонгјанг мора веднаш да престане со дестабилизирачките акции и наместо тоа да избере дипломатски ангажман“, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Адриен Вотсон.
Северна Кореја ги критикуваше неодамнешните заеднички воени вежби меѓу американските и јужнокорејските сили како ескалација на тензиите, откако ги засили своите тестови на оружје во последните месеци.