Северна Кореја истрелала проектил кон Жолтото Море

Северна Кореја во четвртокот истрелала балистичка ракета со кус дострел во Жолтото Море, во областа меѓу Кина и Корејскиот полуостров, соопшти јужнокорејската војска.

Ракетата е истрелана по изјавата на Кин Јо Џонг, моќната сестра на севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун, која во вторникот порача дека секој обид да биде соборен еден од севернокорејските пробни проектили ќе се смета за објава на војна.

Проектилот бил лансиран околу 18,20 часот по локално време од околината на севернокорејскиот град Нампо, се наведува во соопштението на јужнокорејскиот Здружен штаб.

Северна Кореја обвини дека најновата заедничка воена вежба на САД и Јужна Кореја ги зголемува тензиите на полуостровот. Вашингтон и Сеул следната седмица ќе ги започнат масивни воени вежби под називот „Штит на слободата“.

„Од септември 2022 година Северна Кореја планираше лансирање проектили и воени демонстрации за да се спротистави на вежбите на САД и Јужна Кореја веројатно за да ги принуди САД и Јужна Кореја да го променат своето однесување“, наведуваат американските разузнавачи во својот извештај за процените на ризиците во регионот претставен во средата.