
Северна Кореја рано утрото во средата по локално време истрелата три балистички ракети кон Јапонското Море, објави јужнокорејската новинкса агенција Yonhap повикувајќи се на јужнокорејската армија.
Според агенцијата „неидентификуваните балистички ракети“ биле истрелани „во источен правец“. Проектилите биле лансирани од областа на аеродромот Сунан близу севернокорејската престолнина Пјонгјанг.
Јапонската крајбрежна стража извести, исто така, за балистички проектили истрелани од Северна Кореја.
Лансирањата очигледно се одговор на договорот од вторникот на американскиот претседател Џо Бајден и неговиот нов јужнокорејски колега по должност Јун Сук-јеол кои се согласија за интензивирање на заедничките воени вежби и распордување дополнително американско оружје, според јужнокрејската воена команда.
Бајден и Јун уште во саботата се согласија за одржување на поголеми традиционални годишни воени вежби и разместување повеќе америкаснка стратешка воена опрема, доколку се интензивираат севернокорејските тестирања на проектили.
Десетици илјади американски и јужнокорејски војници најмалку еднаш годишно учествуваа на воените вежби, од кои пролетните се редовини и познати како „Foal Igle“ и „Key Resolve“, а се одржуваа повеќе од една деценија. Во 2018 година, меѓутоа, тогашниот републикански американски претседател Доналд Трамп го прекина нивното одржување, наведувајќи ги како причина големите трошоци, како и потребата од намалувањето на тензиите во односите со Северна Кореја.
Северна Кореја, која долго време остро ги осудува ваквите вежби како провокација и вежби за воена инвазија врз неа, редовно на нив одговара со демонстрација на нуклеарна и балистичка моќ.
Во вторникот, портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, на редовниот брифинг со новинарите рече дека Вашингтон е убеден дека Пјонгјанг многу скоро ќе изведе тест за балистички ракети или нуклеарно оружје.
Од почетокот на годината, Северна Кореја изврши вкупно 16 лансиања, вклучително и на интерконтинентална балистичка ракета за која тврдеше дека е хиперсоничен проектил, балистички ракети истрелани од подморница, сателитски систем и нов тактички систем за нуклеарно оружје.
САД и нивните сојузници во регионот Јужна Кореја и Јапонија, постојано изјавуваат дека се за целосна денуклеаризација на Северна Кореја, оценувајќи дека ракетните активности на Пјонгјанг се закана за мирот и стабилноста за целата меѓународна заедница.