Северна Кореја истрелала во четвртокот, веројатно, интерконтинентален балистички проектил (ICBM), објавија војските на Јужна Кореја и Јапонија, што би било прво такво лансирање во целосен дострел најголем проектил од 2017 година.
Челникот на јужнокорејскиот Здружен штаб изјави дека е детектирано лансирање на „неидентификуван проектил“ од Северна Кореја. Рече дека смета оти станува збор за проектил со долг дострел, можно интерконтинетален балистички проектил (ICBM), пренесува новинската агенција Yonhap,
Јужна Кореја поради најновото севернокорејско лансирање свика состанок на својот национален Совет за безбедност во врска со активностите на Пјонгјанг.
Јужнокорејското министерство за одбрана не можело веднаш да потврди дали станува збор за интерконтинентален проектил. Северна Кореја не тестираше такви проектили од 2017 година.
Јапонската влада, исто така, пријави лансирање и рече дека можеби станува збор за балистички проектил.
Претходните изештаи зборуваа за тоа дека Северна Кореја се подготвува да лансира досега најголем проектил.
САД и Јужна Кореја предупредија дека Пјонгјанг се подготвува да лансира интерконтинентален балистички проектил со целосен дострел пвпата од 2017 година, и дека тоа претставува од кршењето на резолуцијата на Советот за безбедност од ОН.