Северна Кореја: Ким нареди засилени воени подготовки

Севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун во средарта извршил увид во теренската обука на војниците во голема воена оперативна база во западниот регион на земјата и наредил зголемена подготвеност за војна, објави во четвртокот севернокорејската државна новинска агенција KCNA.

Обиколката на базата, чијашто локација не е откриена во информацијата, доаѓа по почетокот на годишните заеднички масивни воени вежби меѓу американските и јужнокорејските сили во понеделникот, со двојно зголемен број војници во споредба со минатата година.

Ким рекол дека војската мора „динамично да постави нов врв на интензивирањето на воените подготовки во согласност со барањата на преовладувачката ситуација“, објави KCNA.

„Нашата војска треба… постојано да ги интензивира вистинските воени вежби со цел брзо да ги подобри своите борбени способности за совршена воена готовност“, ja цитира агенцијата изјавата на Ким пред војниците.

Во извештајот на KCNA не се наведува дали Ким директно мислел на воените вежби на САД и Јужна Кореја. Тој извршил инспектирање на трупите коишпто изведуваат стварни боеви маневри под услови коишто симулираат вистинска војна, објави агенцијата.