
Северна Кореја лансирала две ракети во насока на Јапонското Море, соопшти во четвртокот јужнокорејското министерство за одбрана, пренесе новинската агенција Yonhap.
Според извештајот, лансирањата се регистрриани од покраината Пјонгјанг-Нандо. Притоа се истакнува дека јужнокорејската армија останива во сосстојба на подготвеност и ја следи ситуацијата.
„Северна Кореја лансираше проектил, кој би можел да биде балистичка ракета, Сметаме дека тој не ја достигнува територијата на нашата земја, и неговото паѓање се случи во ексклузивната економска зона на земјата“, се вели во соопштението на јапонското министерство за одбрана.
Годинава, и покрај преговорите со САД за денуклеаризација и намалување на тензиите во регионот, Северна Кореја веќе тестираше 12 ракети и проектили. Последниот пат Пјонгјанг изведе ракетен тест на 2-ри октомври, кога балистичката ракета од нов тип падна на 350 километри од префектурата Шимане во ексклузивна економска зона на Јапонија. Должината на целиот лет изнесувал 450 километри, а била достигната височина од 900 километри.
Пратеникот на генералниот скеретар на ОН, Стефан Дужарик, оцени дека станува збор за кршење на редицата резолуциии на Советот за безбедност при светската организација кој донесе низа санкции за Северна Кореја поради нејините нуклеарни и ракетни програми.
Покрај тоа, на почетокот од септермври, Пјонгјанг со лично присуство на севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун тестираше нов тип повеќекратен систем за лансирање ракети.