Северна Кореја истрела балистичка ракета во морето во близина на нејзиниот источен брег во саботата, соопшти воената команда на Јужна Кореја во саботата, откако Пјонгјанг предупреди дека жестоко ќе одговори на претстојните американско-јужнокорејски воени вежби.
Јапонската крајбрежна стража, исто така, соопшти дека Северна Кореја лансирала балистичка ракета. Јужнокорејската војска објави дека станива збор за проектил со долг дострел истрелан од локација недалеку од Пјонгјанг.
Лансирањето дојде откако Северна Кореја се закани со „невиден цврст, силен“ одговор во петокот додека Јужна Кореја и САД се подготвуваат за нивните редовни годишни заеднички воени вежби, правдајќи ги како дел од напорите да ги одвратат растечките нуклеарни и ракетни закани од Северна Кореја.
Сојузничките нуклеарни стратешки вежби се закажани за средата во Пентагон, а ќе учествуваат високи креатори на одбранбената политика од двете земји, објави јужнокорејското Министерство за одбрана. Двете земји, исто така, имаат намера да одржат широк опсег на заеднички теренски вежби, вклучително и вежби со боеви гаѓања во наредните седмици и месеци.
Околу 28.500 американски војници се постојано стационирани во Јужна Кореја како последица од Корејската војна од 1950 до 1953 година, во која беа вклучени САДа, а којашто заврши со примирје а не со мировен договор, оставајќи ги завојуваните страни технички сè уште во војна.
Нуклеарно вооружената Северна Кореја минатата 2022 година лансираше најголем број на ракети досега, вклучително и интерконтинентални балистички ракети кои би можеле да погодат цел на које и да е дел од територијата на САД, и продолжува со подготовките за својата прва нуклеарна проба од 2017 година.
Пјонгјанг можеби создал воена единица задолжена за оперирање на нови интерконтинентални балистички ракети, во согласност со неодамнешното воено реструктуирање, според снимките на државните медиуми кои покажуваат воена парада одржана на 9-ти февруари.