Северна Кореја лансираше интерконтинентална ракета

Северна Кореја ноќта од саботата кон неделата ненадејно изведе тест на интерконтинентална балистичка ракета „Hwasong-15“, извести државната новинска агенција KCNA.

Северна Кореја го лансирала проектилот од близина на меѓународниот аеродром во Пјонгјанг, а паднал во морето крај западниот брег на Јапонија.

„Ненајавената вежба на лансирање е доказ за подготвеноста на развојот на нуклеарното противоружје и одговор на напаѓачките сили. Тоа е гаранција и јасен доказ колкава е нашата моќ да одвратиме нуклеарен напад“, објави KCNA

Проектилот прелетал 989 километри на височина од 5.768 километри и дека до назначената цела му биле потребни 66 минути и 55 секунди, според агенцијата. Ова е второто лансирање на интерконтинентален проектил на Северна Кореја од почетокот на годинава, по она од 1-ви јануари од супермасивната платформа за лансирање.

 

Сестрата на Ким предупреди на „моќен“ одговор на секој напад

Набрзо по известувањето за лансирањето на интерконтиненталната ракета, Ким Јо Џонг, сѐ повлијателната сестра на севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун објави одвоена изјава во којашто предупреди дека Северна Кореја „силно и надможно

Јо Џонг, која е заменик на шефот на Централниот комитет на Работничката партија, изјави дека севернокорејските интерконтинентални балистички проектили никогаш нема да ја целат Јужна Кореја и дека Пјогнјанг нема намери да се справува со Сеул, но ги обвини САД и Јужна Кореја ја влошуваат ситуацијата во регионот и се закани со „надвладувачки мерки“ како одговор на секој непријателски однос против нејзината земја, пренесе KCNA.

„За глупавите, им нагласувам: нашите интерконтинентални рекети никогаш нема да бидат насочени кон Сеул. Сѐ уште немаме желба да се справиме со отпадокот во Јужна Кореја“, вели Кин Јо Џонг.

Истовремено истакнува дека САД треба да престанат да го „залажуваат светот со муабети“ дека не се непријателски настроени кон Северна Кореја и дека се подготвени за дијалог, да се воздржат од акти на закана за безбедноста на нејзината земја, обиди да ја нарушат сликата за неа и да „купат време на полето за дијалог“.

Ким Јо Џонг го советува Вашингтон „секогаш да биде разумен“ за сопствената безбедност. На САД им предложи да не го „пикаат носот каде што не треба“, прикажувајќи го тоа како храброст, туку да размислат за последиците.

„САД и Јужна Кореја, дење и ноќе, зборувајќи за раширено одвраќање и заедничка одбранбена подготвеност под изговор дека се подготвуваат за некаква закана, отворено откриваат опасна непримерна алчност и намери да се здобијат со воена супериорност и доминантна позиција на Корејскиот полуостров. Ова од ден во ден, од час во ја нарушува од стабилноста во регионот и ја влошува ситуацијата“, вели Ким Јо Џонг.

Истовремено предупредува дека Пјонгјанг секогаш ќе ги следат дејствијата на непријателот и ќе преземат „исклучително моќни мерки на потиснување“ во одговор на секоја непријателска активност.

Ким Јо Џонг, исто така, ги оцени како „самоволие“ активностите што ги преземаат САД во Советот за безбедност при Обединетите нации.

„Доколку навистина се загрижени за моменталната ситуација и сакат мир и стабилност на Корејскиот полуостров, тогаш сите земји во никој случај не смеат да ги дозволат самоволието и произволноста на САД кои се обидуваат да го претворат Советот за безбедност на ОН, кој има важна одговорност за осигурување на глобалниот мир и безбедност, во алатка за спроведување на нивната брутална непријателска политика против Северна Кореја“, заклучува Ким Јо Џонг.

 

Предупредување за нуклеарните вежби на САД и Јужна Кореја

Претходно во саботата воената команда на Јужна Кореја и Јапонската крајбрежна стража објавија дека Северна Кореја истрелала балистичка ракета во близина на нејзиниот источен брег.

Лансирањата доаѓаат откако Северна Кореја се закани со „невиден цврст, силен“ одговор во петокот додека Јужна Кореја и САД се подготвуваат за нивните редовни годишни заеднички воени вежби, правдајќи ги како дел од напорите да ги одвратат растечките нуклеарни и ракетни закани од Северна Кореја.

Сојузничките нуклеарни стратешки вежби се закажани за средата во Пентагон, а ќе учествуваат високи креатори на одбранбената политика од двете земји, објави јужнокорејското Министерство за одбрана. Двете земји, исто така, имаат намера да одржат широк опсег на заеднички теренски вежби, вклучително и вежби со боеви гаѓања во наредните седмици и месеци.

Околу 28.500 американски војници се постојано стационирани во Јужна Кореја како последица од Корејската војна од 1950 до 1953 година, во која беа вклучени САД, а којашто заврши со примирје а не со мировен договор, оставајќи ги завојуваните страни технички сè уште во војна.

Нуклеарно вооружената Северна Кореја минатата 2022 година лансираше најголем број на ракети досега, вклучително и интерконтинентални балистички ракети кои би можеле да погодат цел на кој и да е дел од територијата на САД, и продолжува со подготовките за својата прва нуклеарна проба од 2017 година.

Пјонгјанг можеби создал воена единица задолжена за оперирање на нови интерконтинентални балистички ракети, во согласност со неодамнешното воено реструктуирање, според снимките на државните медиуми кои покажуваат воена парада одржана на 9-ти февруари.