Северна Кореја на Шојгу му ги покажала балистичките проектили

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го придружувал севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун во обиколка на воена изложба на којашто се прикажани балистичките проектили поради кои Северна Кореја е под меѓународни санкции, известија тамошните медиуми истакнувајќи дека соговорниците се обврзале да ги зајакнат односите меѓу двете земји.

Рускиот министер за одбрана Серге Шојгу и кинеската делегација предводена од членот на Политбирото на Комунистичката партија, Ли Хонгжонг, пристигнаа во Пјонгјанг на одбележувањето на 70-годишнината од потпишувањето на примирјето во Корејската војна од 1950 до 1953 година. Иако станува збор за примирје и двете Кореи фактички сѐ уште се во војна, Северот овој датум го слави како Ден на победата.

Интерконтиненталните балистички проектили кои можат да понесат нуклеарни боеви глави за Северна Кореја се забранети со резолуции на Советот за безбедност наметнувани последните повеќе од десет години, повеќето во согласност со Кина и Русија.

Меѓутоа, седмицава Северна Кореја станува цена за демонстрирање на солидарноста на трите земји коишто ги обединува ривалитетот со САД и тенденциите за преобликување на униполарниот свет со кој доминира Вашгинтон, што според многу аналитичари ќе води кон враќање на коалициите од периодот на идеолошката блоковска Војна од минатиот век.

Посетата на Шојгу на Северна Кореја е првата посета на некој руски министер за одбрана по 1991 година кога се распадна Советскиот сојуз. За Северна Кореја, пак, доаѓањето на руската и кинеската делегација е првиот позначаен чекор на земјата кон отворањето кон светот по пандемијата на коронавирусот,

Севернокорејските државни медиуми објавија фотографии на Ким, Шојгу и Ли, а во заднината се истакнува плакатот со слоганот на кинеската војска во текот на Корејската војна дека ќе им се „спротистави на американските агресори“.

Вечерта по локално време одржана е воана парада на коајшто се прикажани најновите видови вооружување со коишто располага армијата на Северна Кореја.