Северна Кореја повторно истрела балистички проектил

Сверна Кореја во вторникот лансирала засега неидентификан проектил од својот источен брег во водите на Јапонското Море, пренесува јужнокорејската службена новинска агенција Yonhap повикувајќи се на Здружениот комитет на началниците на генералштабовите на армијата на Јужна Кореа (JSC).

Јапонската крајбрежна стража, пак, објави дека Северна Кореја веројатно лансирала балистичка ракета кон Јапонскот Море и ги предупреди рибарските бродови во овласта на ризикот од паѓање на остатоци од проектилот.

Подоцна јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека се идентификувани два балистички проектила, порачувајќи дека е „тажно“ што Северна Кореја последните седмици изведува серија пробни лансирања на разни видови проектили.

Ова е најновото тестирање на оружјата на Северна Кореја, која продолжува со развојот на својата ракетна програма и покрај долгите ригорозни меѓународни санкции наметнати на земјата и поради нејзината нуклеарна програма.

Еден балистички проектил е лансиран околу 10,17 часот по локално време недалеку од Синпо, водечкиот центар на севернокорејската военаиндустрија, каде што се стационирани подморници и опрема за пробно лансирање на подморничките балистички проектили, под меѓународна кратенка SLBM. Северна Кореја од оваа област и претходно истрелуваше и други видови проектили.

„Нашата армија внимателно ја следи ситуацијата и ја задржува целосната подготвеност тесно соработувајќи со Соединетите држави за да се подготив за можни натамошни лансирања“, соопшти штабот на јужнокорејските воени челници.

Последното лансирање се совпаѓа со собирот на претставниците на стотина меѓунаротни корпорации и вооружени сили во Сеул на свеченото отворање на Меѓународната изложна на воздухопловството и одбраната (ADEX), најголемиот јужнокорејски саем за воена опрема, на кој се претставуваат борбени авиони од новата генерација, јуришни хеликоптери, беспилотни летала и друго напредно вооружување, како и вселенски ракети и цивилни авиони.

Во Сеул, исто така, треба да се сретнат и шефовите на разузнавачки служби на САД, Јужна Кореја и Јапонија, меѓу другото, и за да разговаат за ситуацијата околу Северна Кореја, извести агенцијата Yonhap повикувајќи се ан владуини извори. Јужна Кореја, инаку, се подготвува во четвртокот да ја тестира својата прва вселенска ракета-носач од домашно производство.

Северна Кореја инаку од септември спроведува нова серија ракетни тестирања. На 15-ти септември беа лансирани две балистички ракети кон Јапонското Море, кои паднаа во водите на ексклузинвата економска зона на Јапонија. На 28-ми септември, Пјонгјанг објави за успешно лансирање на ракетоа со кус дострел во истата насока.