
Севернокорејските опремени со заштитни маски за лицето се собраа во главниот град Пјонгјанг пред одржувањето на државниот празник и големата воена парада во саботата на која се очекува да бидат презентирани најновите балистички проектики, известуваат тамошните државни медиуми.
Во сабота се одбележуваат 75 години од формирањето на владејачката Работничка партија на Кореја, што ќе биде проследено со низа свеченост: концерти, светлосни ефекти, уметнички и индустриски изложни, како и посети на споменици. Истовремено ќе бидат одбележани и завршувања на големи градежни проекти.
Јужнокорејската новинска агенција Yonhap известува дека постојат најави дека севернокорејската телевизија ќе ја пренесува парадата во живо, првпат од 2017 година, и оти може да се очекува обраќање на севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун.
Функционери во Јужна Кореја и во САД предвидуваат дека Северна Кореја би можела да ја искористи воената парада за да ги покаже новите интерконтинентални балистички проектили.
„Постои можност Северна Кореја да го прикаже новото стратешко вооружување, како што се интерконтиненталните балистички ракети или бнлестичките проектили кои се лансираат од подморници, за да го привлече вниманието во моментот кога нивната економија не покажува ништо друго освен тромост“, соопшти јужнокорејското министерство за повторно обединување на двете Кореи.
Министерот Ли Ин-јунг рече дека парадата би можела да послужи како „демонстрација на сила со низок интензитет“ во пресрет на американските претседателски избори, далеку помалку провокативна од тестирањето на балистичките проектили или нуклеарна проба.
Под водство на Ким, Пјогнјанг не ги прикажуваше балистичките проектили од неговата прва средба со американскиот претседател Доналд Трамп во 2018 година, но преговорите за севернокорејската нуклеарна програма се во застој и Северна Кореја е се понестрплива во однос на САД. Според некои аналитичари, Пјонгјанг би можел повторно да започне со тестирањето проектили со долг дострел.
Северна Кореја не пријави ниеден потврден случај на коронавирус, но владата воведе строги контроли на границата и карантински мерки. Аналитичарите предупредуваат дека разгорувањето на заразата во оваа земја би можело да биде погубно за оваа економски и политички изолирана и осиромашена земја.