Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го надгледуваше успешното тестирање на новата суперсонична балистичка ракета со среден дострел во понеделникот, објави државната новинска агенција KCNA приложувајќи фотографии од лансирањето
Ракетата прелета околу 1.500 километри со брзина 12 пати поголема од брзината на звукот и достигна максимална височина од речиси 100 километри пред да падне токму на целта долж источниот брег, се вели во соопштението.
Во моторот на ракетата се користени нови композитни материјали од јаглеродни влакна, а проектилот може „ефикасно да навлезе во секоја густа одбранбена бариера и да му нанесе сериозен воен удар на противникот“, соопшти KCNA.
Точно пред една година севернокорејските државни медиуми објавија дека армијата тестирала нова хиперсонична ракета со цврсто гориво со среден дострел. Тогаш целта на пробното лансирање била да се тестира веродостојноста на новите повеќестепени мотори на цврст погон со висок потисок и хиперсонични наведувани боеви глави со среден дострел.
Пјонгјанг уште кон средината на ноември 2023 година објави дека дека ги тестирал своите нови мотори на цврсто гориво за средно балистички ракети.