Северна Кореја ги повикува руските туристи: Посигурни сме од Лондон

Северна Кореја ги отвора вратите за руските туристи издавајќи лиценца за првата патничка агенција во Москва која ветува „целосно нуркање“ во националната култура и забава „посигурно од вечерните прошетки низ Лондон“.

Руската компанија NKOREAN.RU, од крајот на август лиценцирана од севернокорејската влада, нуди организирани тури за групи од 10 лица или поединци кои сакаат да го запознаат живот во Северна Кореја.

Патниците во Северна Кореја мораат, пред заминувањето, да ја минат „проверката“ и секогаш да бидат придружувани од водичот кој ќе го надгледува „соодветното однесување на туристите и ќе ја гарантира нивната безбедност“. Фотографирањето на стратешките и воени објекти се забрането, а долготрајните разговори со локалните жители „не се препорачуваат“.

Северна Кореја од почетокот на годинава изведе нуклеарни тестирања и десетици лансирања на балистички проектили, значително зголемувајќи ја напнатоста на силно милитаризираниот Корејски полуостров, и покрај резолуциите на Советот за безбедност при ОН. Соочена со економските проблеми, кои се отежнати со повеќекратните санкции, владата во Пјонгјанг сака да го развие туризмот за да заработи девизи, откако со новите санкции најверојатно ќе биде забрането да се вработуваат севернокорејски работници во странство чијашто заработка во најголем дел се слева во државната каса.

Пет дневната тура чини од 58.902 а најскапата 15-дневна турнеја „на целосно нуркање во културата на Северна Кореја“ чини 118.900 рубљи, односно околу 1.558 британски фунти, и вклучува посети на фарма, фабрика за минерална вода, будистички храм, прошетки по планини и вовед во националната кујна. Во понудата се вклучени и посета на бројните музеи на основачот на комунистичка Северна Кореја Ким Ил-сунг.

Другите помалку скапи тури вклучуваат релаксација на плажи, авионски шоу па дури и фестивал на пиво.

Засега не е познато колку овие патувања ќе бидат популарни меѓу Русите кои веќе развија наклонетост да летуваат во Европа и на приспапните одморалиште во Турција и Тајланд, пишува Reuters.