Северна Кореја ја откажа културната приредба којашто на 4-ти февруари на својата територија требаше да ја одржи со Јужна Кореја, обвинувајќи ги јужнокорејските медиуми дека поттикнуваат „навредлив“ однос кон Северот, соопшти во понеделникот јужнокорејскиот министерство за обединување.
Сеул севернокорејската одлука за откажување на заедничкиот настап оцени дека заслужува жалење, и истакна дека Пјонгјанг би морал да го почитува договорот кој го постигнаа двете земји.
Приредбата требаше да се одржи следната неделата во Монт Кумганг, туристички центар во Северна Кореја, како дел од иницијативата за приближување меѓу Сеул и Пјонгјанг по повод Зимските олимписки игри во Пјонгчанг коишто започнуваат на 9-ти февруари.
Јужнокорејското министерство за обединување, кое е задолжено за врски со севернокорејските власти, наведува дека „Северот во својот допис рекол дека нашите медиуми ја поттикнуваат јавноста на навредлив однос кон искрените напори на Северот во врска со Олимписките игри во Пјонгчанг, одејќи дотаму што ја оспоруваат прославата којашто ја организира Северот и не му оставаат друга можност освен да ја откаже приредбата за којашто е постигната заеднички договор“.
Пјонгјанг објави дек 70-годишнината од воспоставувањето на своите вооружени сили сака да го одбележи на 8-ми февруари, ден пред свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја. Сателитските снимки коишто ги презентираат специјализираните портали за следење на севернокорејските активности прикажуваат снимки на војници и оклопни возила како учествуваат на проби пред можна воена смотра којашто се чини како демонстрација на сила.
Северна Кореја којашто ги бојкотираше Олимписките игри во Сеул во 1988 година, конечно во јануари одлучи да испрати спортисти на зимската олимпијада во Пјонгчанг, делегација и навивачки тим, по повеќекратните повици на Југот на одржување „мирољубиви игри“.
Меѓутоа, во Јужна Кореја може да се слушне критики дека Сеул премногу му попуштал на СЕверот за да го придобие за доаѓање на игрите.