Северна Кореја изврши проба на нов ракетен мотор во станицата за лансирање Тонгчанг-ри.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека пробата претставува „ново раѓање“ на севернокорејската ракетна индустрија, јавија државните медиуми во Пјонгјанг.
Моторот ќе помогне државата да достигне капацитет за лансирање сателити од светска класа, јави агенцијата КЦНА кои навестија дека е тестиран најверојатно нов тип на ракетен мотор за ракети од голем дострел.