Aмериканскиот министер за одбрана Ештон Картер изјави дека Северна Кореја нема никакви шанси за воена победа над Јужна Кореја и нејзините сојузници.
Мора да бидеме сигурни дека Северна Кореја разбира дека ќе следи одговор на секоја провокација и дека нема никакви шанси за победа над Јужан Кореја и нејзините сојузници, изјави вчера Картер.
Картер, тоа го изјави во Пентагон, како одговор на прашања на американските војници од целиот свет, една недела по ескалација на ситуацијата на Корејскиот Полуостров.
Таа епизода покажува колку брзо може ситуацијата да стане сериозна со Северна Кореја, нагласи американскиот министер за одбрана.
САД имаат клучна улога во одбраната на Јужна Кореја по Корејската војна во 1953 година. Околу 30.000 американски војници се распоредени во земјата.
На 22. минатиот месец стапи на сила договорот кој го постигнаа Јужна и Северна Koреја, а кој беше постигнат по повеќе од два дена преговори за смирување на тензиите, поради кои Корејскиот Полуостров се најде на работ на вооружен судир.
Северна Кореја изрази жалење поради неодамнешното повредување на јужнокорејските војници при експлозија на бомба во пограничниот појас, додека Јужна Кореја соопшти дека ги исклучила звучниците кои емитуваа пропагандни пораки со цел спречување евентуални воени конфронтации.
Северна Кореја распореди воени бродови на границата со Јужна Кoреја
Северна Кореја претходно распореди долж границата со Југот воени бродови со специјалци во обид да покаже висока борбена подготвеност и покрај преговорите кои се во тек меѓу двете држави.
Според воени извори, десетина бродови пристигнале на 60 километри северно од граничната линија меѓу двете Кореи.
Северна Кореја, распоредила двојно повеќе артилериско оружје долж границата. Распоредувањето беше во момент кога се водеа преговори меѓу двете држави за намалување на тензиите.
Претходно Северна Кореја излезе со соопштение во кое се вели дека земјата е подготвена да влезе во „тотална војна“. Тогаш во соопштението беше додадено и дека моменталната состојба стасала до работ на војна и дека тешко може да се контролира.