
Северна Кореја постави нагазни мини во демилитаризираната зона меѓу земјата и Јужна Кореја, објави денеска јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Северна Кореја ги постави мините во близина на демилитаризираната зона во селото Панмунџом, што е под контрола на двете држави и американската армија.
Вчера почнаа двонеделна воена вежба, во која учествуваат 50.000 јужнокорејски и 25.000 американски војници.
Во исто време, севернокорејската армија издаде соопштение во кое се заканува со превентивен нуклеарен напад и оти ќе ги претвори Сеул и Вашингтон во „куп пепел“.