Северна Кореја извела лансирање неидентификуван проектил во неделата, пренесува јужнокорејската новинска агенција Yonhap повикувајќи се на воени извори.
Командата на јужнокорејските вооружени сили објавија дека севернокорејскиот проектил бил истрелан во неделата попладнето по локално време од локација во близина на Пукчанг, и дека прелетал околу 500 километри. Јапонија објави дека проектилот паднал надвор од нејзината ексклузивна економска зона, и дека нема настрадани бродови.
Пред една седмица Пјонгјанг тестираше ракета со среден дострел којашто според стручњаците покажа дека земјата напредувала во развојот на балистичката технологија.
Во областа на Пунгчанг минатиот месец неуспешно беше тестирана друга ракета. Но на 14 мај беше лансирана балистичката ракета со среден дострел од модификацијата „Хвансон-12“, којашто прелета 787 километри и падна во Јапонското Море. На 6 март беа лансирани четири балистички ракети, при што една падна рекордно блиску до територијата на Јапонија, на 200 километри северозападно од полуостровот Ното, во префектурата Исикава.
Агенцијата Yonhap, повикувајќи се на неименувани извори, пренесе дека најверојатно не станува збор за интерконтинентална балистичка ракета. Јужнокорејски воен офицер одбил да го потврди извештајот, но рекол дека војската го анализира лансирањето. На 6 март беа лансирани четири балистички ракети, при што една падна рекордно блиску до територијата на Јапонија, на 200 километри северозападно од полуостровот Ното, во префектурата Исикава.
Северна Кореја ги одби сите апели, вклучително и од единствениот сојузник Кина, да ја ограничи својата балистичка нуклеарна програма, тврдејќи дека станува збор за легитимна самоодбрана. Земјата развива нуклеарна технологија којашто може да достигне цели на територијата на САД.
„Денеска американското копно и оперативното подрачје на Тихиот Океан се во дострелот на Демократска Народна Република Кореја и ДНРК располага со сите средства за разорен одмазнички удар“, објави севернокорејската новинска агенција KCNA во својот саботен коментар.